Wednesday, January 19, 2011

Господ има план за твојот живот


Многу жени не се свени за плановите што Бог ги има за нив. Тој им дал на сите таленти, дарови и потенцијал и тие дарови ја прават секоја жена единствена. Во текот на животот се случуваат голем број разочарувања, ситуации за кои се мисли дека не може да се најде решение, дури и болести и стравови што го обземаат умот. Но, тоа се лаги на кои им се верува за да не дојде до остварување на Божјиот план. Некои жени се толку зафатени со секојдневните обврски што велат: Јас не можам да помислам да одвојам време за себеси или за нешто друго. Сега не можам, понатаму здравје, да пораснат децата, да ја средам куќата итн.“ Или како што беше во мојот живот, речиси сите идеи и планови се урнаа затоа што ги почнував, а никогаш не ги довршував. Сѐ нешто ме спречуваше или, пак, самата се спречував, ќе се појавеа сомнежот, нетрпеливоста, стравот, а тоа беше сосема доволно да се повлечам во себе. Но, една работа сфатив дека соништата, кои сме ги имале, никогаш не исчезнуваат, скриени се длабоко во нас и го чекаат вистинскиот момент за остварување. Кога ќе Му го предадеме животот на Исус, т.е. кога ќе умреме за себеси и за своите интереси, ќе видиме дека ниедна случка не била напразно ниту, пак, случајно. Секој момент од животот нѐ учел и нѐ подготвувал да бидеме она што сме денес. Толку многу сме се бореле со сопствени сили да постигнеме и да направиме нешто, а единствено од нас се барало да го следиме патот што Бог ни го подготвил и да веруваме со целото свое битие дека тоа е Патот што нѐ ослободува. Патот, кој на секоја жена ѝ дава слобода да има заедништво со Бог, да се прифати себеси како Негова возљубена ќерка и никој под ова небо нема сила ја оттргне љубовта што Бог ја има за неа.

No comments:

Post a Comment