Wednesday, May 25, 2016

Плодовите на Божјата љубов

Image result for jeremiah 31:3
Еремија 31:3 Од далеку ми се јави Господ и ми рече-Со вечна љубов те засакав. Не постои време од вечноста кога не сме биле сакани. Бог не одбрал уште од вечноста. Каков би ни бил животот без Бог? Не можам да замислам. Жалосно е да се живее без Божјата љубов. Љубовта на ниедно друго суштество не може да ја надополни таа празнина во нас.
Ние може да даваме љубов, но таа е човечка, а Божјата љубов е неограничена. Се почнува со љубовта, а на крај остануваат верата, надежта и љубовта, но најважна е љубовта. Семето што е во почва треба да умре за да даде плод. Христос умре и ни даде нов живот. Татковата љубов преку Христос се пренесува на нас христијаните и треба таа љубов да протекува кон останатите луѓе. Љубовта доаѓа внатре, сама по себе, без да ја поканиме.
Во светот се зборува за позитивно размислување, за воздигнување на своето ,,јас,,. Тоа можеби функционира затоа што е украдено од библијата и може да живее само на земјата, но не и на Небото зошто го нема Христос.
Тој што ја прифатил таа љубов може да го прави истото што Христос го правел. Јован 15 глава Јас сум вистинската лоза, а мојот Татко е лозарот. Без Христос не можеме да сториме ништо. Силата која е во Отецот е пренесена во Христос. Лозинките и гранките се од иста природа. Порано бевме учени дека не сме достојни, но Благодатта е таа која донесе плод во нашите животи, нешто кое луѓето може да го видат и да го вкусат.
Галати 5:23 А, плодот на Духот е љубов, радост, мир, долготрпеливост, љубезност, верност, кроткост, воздржливост. .... Пред неколку години решив да бидам кротка и се трудев да бидам кротка. , но сфатив дека неможам да се натерам самата себе на ништо. Само преку Божјата љубов можеме да ги правиме работите и да се менуваме и што ќе донесе промени и во другите луѓе.
Луѓето имаат различни повици, но не треба да се задржуваме само на еден повик. Нема потреба да се грижиме. Држете се за Христос и сите други работи ќе си дојдат сами по себе! Треба да даваме плодови. Единствена работа што ја бара Христос е да пребиваме во Него. ,,Да бидете постојано во моето присуство, Јас сум добриот Пастир!,,
Каде и да одиш, Светиот Дух ќе биде со тебе, што и да правиш ќе те благословува. Тој плод на Духот не е само за нас, тој плод е за да можат и другите да се нахранат. Христијаните даваат плодови од кои треба да се хранат и други луѓе. Убавиот плод ни дава задоволство, а кога ќе вкусиме плод што не е од таа лоза, тој горчи и може да донесе болест.
Може да се случи христијаните да дадат лоши плодови, но тоа е само минлив период и остаток од старата природа и им треба откровение на тие луѓе. Се прашувам што е тоа Божја љубов? А одговорот е да ги сакаш сите луѓе подеднакво. Ако сакаш само еден човек или се приврзуваш за едно нешто-тоа е идолопоклонство. Господ ги сака сите луѓе подеднакво, и верниците и неверниците.
Лука 13:6 (6Некој имаше посадено смоква во своето лозје; и дојде да побара плод на неа, но не најде.7Тогаш му рече на лозарот: „Еве, веќе три години доаѓам и барам плод на оваа смоква, но не наоѓам. Пресечи ја! Зошто уште да ја испостува земјата?”8Но тој му одговори и рече: „Господаре, остави ја уште оваа година, додека раскопам околу неа и ја наѓубрам;9па можеби ќе роди, ако пак не роди, ќе ја пресечеш во иднина.) Господарот на градината е трпелив и добар, се ќе направи за смоквата да даде плод. Се што прави Господ, прави за наше добро затоа што не сака. Тешко е за луѓето да го прифатат ова затоа што се материјални , од овој свет. Кога ќе му ги дадеш на Господ работите во Негови раце, тогаш е лесно. Божјиот јарем е лесен за носење. Бог е нашиот Татко небесен, што и да се случи во нашиот живот, не е затоа што не не сака. Се ќе си дојде на место во свое време. Господ никогаш не задоцнил.
Има повеќе видови на плодови. Има плод на устата-зборовите. Не може да тече и горка и слатка вода од еден извор. Од нашата уста треба да излегуваат плодови кои ќе бидат за корист на другите луѓе. Внимавајте какви зборови излегуваат од вашата уста! Нека бидат песни, химни, псалми, зборови кои даваат живот.
Ние сме ослободени да даваме добри плодови. Делата се исходот на сето она што го зборуваме за благодатта. Ние сме од вистинското семе. Иако сме прикалемени на гранка на вистинската лоза, го имаме истиот квалитет. Плодот е резултат од она што го окупира нашето срце.
Матеј7:16 Ќе ги препознаете по нивните плодови... Не може некој што е со Христос да дава лоши плодови и обратно. Божјата намера е да не остави да го правиме она за што сме повикани. Не се мачете со прашањата-Господе, за што сум јас повикан? Ќе си дојде само по себе. Нешто за што не давате голем труд и сте благословени - тоа правете го.
Ефешани 2:10 Зошто Негово дело сте, создадени во Христос Исус за добри дела.... Се што не е од Христос ќе изгори кога ќе дојде време. Градете од цигли кои се од Христос дадени, зошто се друго ќе изгори.