Friday, November 22, 2013

ИСУС МОЈОТ ЖИВОТ- од Маргарета Миљковиќ

ИСУС МОЈОТ ЖИВОТ
Ти си извор мој во душата што тече,
непрестан поток кој тече и тече.

Бујна река во срцето мое,
извор на љубов на се што е твое.

Ми дари жива вода во душата да тече,
непрестан извор вечен и вечен.

Како дете мало ме тешиш и љубиш,
во прегратки твои со љубов ме будиш

Чекорите мои по патеките Твои,

се вечен живот во мислите мои.


Sunday, May 12, 2013