Monday, August 20, 2012

Дебора


Дебора (хебрејски: דְבוֹרָה, Модерно Dvora, Tiberian Dəḇôrā; "Пчела", арапски: دبورة Daborah) била пророчица на Бог на Израелците, четврти судија на Израел, советник, воин, и жена на Lapidoth според на Книгата на судии (глава 4 и 5).
Таа била единствената жена судија што се спомнува во Библијата. Дебора издвоила успешен  контранапад против силите на Jabin кралот на Ханаан и против неговиот воен командант Сисара (глава 4).
Судии 5, ја прикажува истата приказна во поетска форма. Овој пасус, често се нарекува Песната на Дебора, кој веројатно датира од почетокот на 12 век п.н.е. [1] и е најран примерок на хебрејска поезија. Таа е исто така значајна бидејќи е една од најстарите пасуси кои портретираат борбени жени.  Јаила, сопругата на Хевер, кој бил изработувач на шатори, го убила Сисара. Двете Дебора и Јаила се портретирани како силни, независни жени.
За нејзиниот личен живот не се знае многу. Некои извори, како што е Chabad.org, велат дека таа била судија во Израел од 1107 п.н.е. до нејзината смрт во 1067 п.н.е. Речникот на Светската Биографија: Античкиот свет, тврди дека таа може да живеела од 1200 п.н.е. до 1124 п.н.е., што значи дека имала 36 години во времето на борбата против Сисара, а починала на 75 години. Во книгата, исто така, се вели дека таа најверојатно е родена во централен Израел во племето Ефрем.
Во книгата на Судии, се наведува дека таа била жена на Lapidoth (хебрејски: לפידות , чие име значи "факели"). Таа изрекувала пресуди под палма помеѓу Рама во Бенџамин и Ветил, во земјата Ефремова. (Судии 4:05) Некои луѓе денес се однесуваат на Deborah како мајка на Израел, поради "Песна на Дебора и Барак" која се наоѓа во Судии 5.
Поради угнетувањата од страна на Jabin, кралот на Ханаан, во Асор, околу дваесет години (судии 4:9) Дебора го наговорила Барак, кој бил на чело на армијата во тоа време, да се соочи со асирскиот војсководец Сисара во битка.
Како што Дебора пророкувала, Господ им дал победа на Израелците.
По битката, имало мир во земјата 40 години. (Судии 5:31)

Sunday, January 8, 2012

Повикана за борба


Во еден период од Израелевата историја, Бог подигнувал судии да го водат народот. Дебора, била единствената жена која му служела на Бог во оваа улога.Таа била сопруга, пророчица и судија. Нејзиниот живот бил исполнет со вера и Бог ја дарувал со мудрост и авторитет за да зборува во Негово име и да го води народот во време на голем политички пресврт и хаос. (Судии 4:1-16, Судии 4:17-24, Судии 5:1-18, Судии 5:19-31).
      За какви дела во верност сме повикани ние денес? Што не спречува и како да го надминеме тоа?
   Како во минатото така и денес Бог повикува луѓе  во битка, водејќи ги надвор од идолопоклонството  и обновувајќи го нивното достоинство како одбран Божји народ. Во тоа време  Дебора кога ја опишува нејзината улога не се нарекува себе си пророк, ни судија, ни генерал, туку едноставно мајка на сите деца на Израел и како мајка го потсетува  својот народ на кој Бог му служат. Така и нам денес ни е потребно некој или нешто да не потсети и да не води во победоносен мир со Бог, а со тоа и во победоносна позиција на целиот народ во однос со светот.
     Можеби немаме водечка позиција или влијателно работно место кое има моќ во општеството, но сепак можеме да бидеме мајки на тие околу нас и да ги инспирираме да чекорат во праведност. Можеби во нашиот живот имаме премалку време или можности, но сепак можеме да бидеме влијателни мајки кои ќе ги надминат очекуваните граници. Можеме да бидеме како Дебора и преку нашата вера да бидеме  употребени од Бог и да бидеме мајки на нашиот народ.  
    Татко, помогни ни да истапиме и да ти служиме правилно во нашата генерација. Откриј ни што не спречува - личните сомнежи и слабости. Нека се зајакне верата во нашите срца, нека се зацврсти знаењето во нас за тоа кој си Ти, за да можеме да делуваме со вера во Тебе, и во силата на Светиот Дух ден за ден. Амин!