Monday, December 5, 2016

Победници и цареви во Исус Христос

        Има големи и длабоки работи во библијата кои Господ сака да ни ги открие. Заради лажните учења или лажниот начин на гледање на работите, сме имале претстава дека животот тука на земјата не може да биде убав. Добиваме претстава дека животот е тежок и дека се што треба да направиме е да издржиме затоа што ќе дојдат убави денови горе на небото. Но, небото за нас почнува тука. 
за да биде фалена славата на Неговата благодат, со која нè облагодати преку Својот Возљубен Син (Ефесјани 1:6)
Ако е, пак, Христос во вас, телото е мртво за грев, а духот живее поради правдата (Римјани 8:10).
Ние сме откупени и воскреснати со Христос. Ние сме небесни граѓани. Овие стихови ми даваат надеж, радост и сила да го правам она што Господ ме повика да го правам. 
       Има религиозни водачи и говорници кои што ќе дојдат и ќе ви кажат дека сте грешни. Дека можете да го прифатите Христос за спасител, ама грешноста не можете да ја тргнете и треба постојано да се трудите да постигнете светост, ама нема да можете. Ќе ви кажуваат дека не сте достојни да дојдете пред тронот. 
       Вториот вид на говорници се мотивациони говорници коишто заради религиозните говорници се бунтуваат против тоа. Тие кажуваат дека човекот може сам да постигне, човекот е господар сам на себе. Господ не постои, ние не сме слуги на Господ, ние сме господари на себе и се’ што ќе посакаме можеме да го постигнеме во животот затоа што силата е во нас. Овие до некаде успеваат, и на луѓето им се подобрува животот. Тоа е така затоа што тие говорници ја користат мудроста на библијата. Библијата кажува дека сме опремени со се’ што ни е потребно за побожен живот. 
    Бидејќи, ако со престапувањето на еден смрта царува преку едниот, тоа многу повеќе
оние, што ја примија благодатта и дарот изобилно, ќе царуваат во животот преку Единиот Исус Христос. Римјаните 5:17

     Господ е Цар и наш Татко и ние сме Негови деца и Негови сонаследници и ние го добиваме тој авторитет и таа сила и ние навистина можеме да царуваме, но не сами, туку само преку Христос кој што живее во нас. Само преку Христос можеме да го донесеме Небесното Царство тука на земјата како што е на Небото. Амин.